| |

ПЕТАР КОЛЕВ СО ЧЕСТИТКА ЗА КУРБАН БАЈРАМ

Претседателот на партијата Граѓанско Демократска Унија-ГДУ преку својата официјална facebook страна ги поздрави верниците од исламска вероисповед по повод големиот празник Курбан Бајрам.

„На сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на Граѓанско Демократска Унија, ви го честитам големиот муслимански верски празник КУРБАН БАЈРАМ. Нека празникот ви донесе благосостојба, бериќет и љубов.Празнувањето на Курбан Бајрам претставува и составен дел од традицијата во нашето општество.Токму оваа традиција е доволен поттик во иднина да продолжиме со добрата мисла, со меѓусебното почитување и разбирање и заеднички да работиме за просперитетот на нашето општество и земја. Честит празник!“- напиша Колев на својата facebook страна.

 



Слични Објави