ЗАЕВ СО ЧЕСТИТКА ЗА КУРБАН БАЈРАМ
Деновите на Курбан Бајрам се денови кога се потсетуваме на вредностите што празникот ги слави и возвишува – помагањето и солидарноста со пријателите, со соседите, со сите коишто се околу нас.
Празникот нѐ потсетува дека добрината треба да биде наша водилка, дека во животот треба да оставиме длабоки траги на добрина кон сите во општеството, кон оние на кои им е најпотребна нашата помош и да ја негуваме добрината кон другиот, добрината кон различните.
Тоа е порака за сите нас, граѓаните на Република Македонија, за да продолжиме заеднички да ја зајакнуваме нашата општествена заедница како едно општество за сите.
На сите муслимани, ви го честитам Курбан Бајрам, нека ви донесе мир, спокој и бериќет, напиша на својата официјална facebook страна премиерот Зоран Заев.

