Дефектниот изборен модел за жал сè уште актуелен и важечки во Македонија е прекрасна потврда за старата мудрост дека во политиката нема вечни пријатели, туку вечни интереси. Токму поради дефектите на изборниот модел во Македонија „цената“ на „играчи“, како најновиот коалиционен партнер на премиерот Заев никако да доживее пад, туку напротив расте со секои наредни избори. Таа цена ја плаќа обичниот граѓанин на Македонија. Се работи за солидна сума на пари во евра исплатени како плата, патни трошоци и разни други „ситни бенефиции“. Проблемов секако не е во тоа кој седнал на софрата, поинтересно е кој и зошто го пуштил таму. Во борбата за зачувување на удобноста на владејачката гарнитура (без разлика на нејзината обоеност), сите средства се дозволени. Токму поради оваа причина на нашава политичка сцена веќе 27 години, повеќе од успешно егзистираат ликови како актуелниов денеска. Додека не најдеме сили да промениме нешто во веќе постоечката ситуација сме „осудени“ да бидеме сведоци и спонзори преку нашите даноци на играта што ја играат старите партии. Во таа игра посебно се ценат играчите што знаат да дадат „гол со пета“. Мислам дека доволно време им дадовме на ваквиот тип „техничари“. Време е за промени!!!
Најново од Вести
Темата за Република Северна Македонија задолжително ќе помине низ Народното собрание. Ова по Коалициониот совет на
Делегација предводена од амбасадорот на Република Бугарија во РС Македонија н.е. Ангел Ангелов, денеска положи свежо
Сè уште е жив култот кон Борис Дрангов, интелектуалец и политичар од највисок ранг. Ова го
Учесниците на дискусијата „Бугарски гласови за Европа“ во Скопје разговараа за интеграцијата на земјите од Западен
Соборот на Украинската православна црква денеска изрази несогласување со ставот на рускиот патријарх и на цела