Петков не дава дефинитивен одговор за укинувањето на ветото
Во нашиот коалициски договор имаме јасна рамка за дејствување: ги потврдивме постоечките критериуми за нашите односи со РС Македонија и ги надградивме: да имаме брза, јасна и ефективна работа на групи во поединечните случаи.
Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за Нова ТВ. Како што утрово јави БГНЕС, специјалниот пратеник на македонската влада за решавање на спорот меѓу властите во Скопје и Софија, Владо Бучковски, е убеден дека во наредните месеци Бугарија ќе ја укине блокадата за почеток на преговорите за членство во ЕУ на РС Македонија.
Сметам дека добрососедството со РС Македонија треба да биде најважно и истото бара многу работа. Бугарија не може да стои со скрстени раце кога секој се обидува да ни ја земе историјата, додава Петков.
Премиерот го нарече „провокација“ рускиот филм со кој се припишуваат бугарски историски симболи РС Македонија. Не знам дали тоа доаѓа од ниво на држава или од режисерот“, рече Петков.
Петков не даде дефинитивен одговор на прашање за укинувањето на ветото.