ПЕТРЕ ВИКНИ ГО МИЛЕ ДА ЈА „РЕШИ“ УНИВЕРЗАЛНА

Грујо го направи „Аце“ на плоштад за да ни биде место за чекање пред да седнеме да се напиеме кафе во строгиот центар на градот…

Шилегов изгледа планира да остане во меморијата на скопјани, како човекот кој „те чекам кај Универзална“ ќе го замени со „кај летната тераса сум, што уште се гради“.

Не е време за патетики, Миле да го викнат да ја реши салата со динамит да не си играат играчки.

Дечките од Прва Архи бригада, што протестираа против црквата на плоштад од грујово време можат да се пријават со идејни решенија за отворената летна сцена со парк „Универзална“. Парите што се нудат како прва, втора и трета награда не се за потценување…

Ќе рече некој згрижени се веќе си одработија кога требаше, башка јадеа ќотек од „ќосињата“…

Па баш ради тоа треба да се пријават да земат плус нешто од државата за тоа што јаделе шутови у гз и боксови у фаца заради пустата борба Скопје да не се претвори во град со црква на главниот плоштад.

Црквата ене ја си стои… незавршена.

Ќе ја гушка ли некој Универзална?

Нема невработени активисти?

Има, ама трчаа за ДУИ на изборите и Универзална не им е приоритет, освен за некоја досетка на facebook.

Петре, викни го Миле бе, тој ќе заврши работа.

Ќосето го решивте, пред него му го збиберивте и на Сарафов. Едниот умрел во Бугарија, другиот бил офицер во бугарската армија…

Ќе си помислам дека Шилегов и се има намерачено на Универзална оти ја градела бугарска фирма…

Кога веќе спомнав додека чепкав за салата, пред да седнам да пишувам, дознав дека и покрај фактот дека Универзална е изградена од бугарско градежно предпријатие со готов бугарски проект, Бугарија не е меѓу земјите донатори за изградбата на овој објект. Комунистичка работа, работници испратиле, ама пари не дале… Лоши татари, стиснати како цинцари.

Рушете бе, и така за некоја година нема да има кој да изгради било што во таа наша Македонија. Рушете и никако немојте да реновирате. Скопје не е Лондон за да го зачувате таков каков што воскреснал после земјотресот. Скопје го исељачивте до секоја дупка на неговиот асфалт.

Јас ли да ви го кажувам тоа? Јас, што не сум роден скопјанец? Јас ли татарот да ви објаснувам дека симболите на еден град не се рушат, туку се реновираат.

Поевтино било да се сруши и да се изгради нешто ново, наместо да се реновира…

Па зарем можете да го поевтините уште повеќе Скопје, кога веќе упорно сте решени да му ја доебете мајката.

Викнете го Миле бе, што чекате?! Ќе му простите за „шпанските скали“, а тој ќе го извади динамитот… од гаќите.

Автор: Атанас Величков