ИЗЛОЖБА НА АГРОН САЛИУ ВО МУЗЕЈОТ ВО ВЕЛЕС

Во Музејот во Велес вечер (18 септември) во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата на дела од уметникот Агрон Салиу …

Уметникот за првпат ќе се претстави пред велешката публика со 35 дела соединети во еден наслов „Ризница од вредности и значења “.

Агрон Салиу е роден во 1984 година вo Teтoвo. Дипломирал нa Универзитетот во Тетово, Факултет за ликовна уметност, отсек Сликарство во класата на проф. Илиријан Беќири.

Реализирал повеќе самостојни изложби и учествувал на голем број групни изложби, проекти и активности во културата во земјава и во странство. Самостојни изложби уметникот реализирал во Сараево, Подгорица, Виена, Берлин, Париз, Кичево, Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, а учествувал и на повеќе групни изложби во Гостивар, Тетово, Скопје, Сараево и во други градови.

 



Слични Објави