| |

Бројот на бугарските државјанства кажува едно пописот нешто сосема друго- во РС Македонија попишани 3504 Бугари

Државниот Завод за статистика денеска ги објави првиот сет од податоци добиени од пописот на населението, домаќинствата и становите на РС Македонија што се спроведе во септември минатата година.

Според вкупните објавени податоци 58, 44 проценти од населението се изјасниле како Македонци, 24,30 како Албанци, 3,86 како Турци, 2,53 како Роми, 1,30 како Срби, 0,87 како Бошњаци, 0,47 како Власи и други.

Според официјалните податоци од пописот во РС Македонија живеат 3504 Бугари што е за 2000 луѓе поголема бројка од минатиот попис во 2002 година.

Потсетуваме дека во крајот на февруари оваа година излезе информација дека во последните две години дури 16 700 македонски државјани добиле бугарско државјанство, врз основ на пополнета од самите нив Декларација дека се со бугарско етничко потекло.



Слични Објави