(Видео) Кои играчи ги креваат рацете за нацистички поздрав, пред почетокот на мечот „Македонија“- Левски, одигран во Скопје пред 80 години
Дејците на СФК Левски решаваат да докажат дека тие не одат там (во Скопје), како претставници на државата, која некои провокатори ја нарекуваат „непријателска“, „фашистичка“ и „окупаторска“, а исто така и „хитлеристичка подлога“. Тие се договориле да не го исполнат задолжителниот поздрав, за да не биде поврзан со поздравот на Рајхот и давањето почит од нашата сојузничка германска држава. Тие се надевале на ваков начин да им покажат на Скопјани дека сме едно и дека во Бугарија немаат непријатели од кои да се плашат и дека целокупниот бугарски народ и население е едно со тоа на новоослободените земји, тие не поздравуваат и покрај повиците на реферот и на некои од играчите на „Македонија“. Тоа се разбра од распитите на неколкумина од играчите овде, а исто така и на нивниот водач-наставник и на нивниот претседател. Овие редови стојат во извештајот на шефот на бугарската државна безбедност во времето на царска Бугарија Никола Гешев.
Извештајот е подготвен заради инцидентот при кој играчите на „Левски“ не ги креваат своите раце за нацистички поздрав, за разлика од нивните колеги од „Македонија“ пред почетокот на историскиот меч меѓу двете екипи одигран на 29 март 1942 г. во Скопје.
Во краткиот документарец „Вистината за мечот „Македонија-Левски“ направен од здружението „Сини срца“, ќе разберете уште многу други интересни податоци за фудбалскиот натпревар одигран пред 80 години. Потсетуваме дека истиот натпревар беше искористен од режисерот Дарко Митревски во неговиот скандалозен пропаганден и антибугарски филм „Трето полувреме“.

