ПИСМО ОД РОДНИНИ: ПОМИНАА ПЕТ МЕСЕЦИ ОД ТРАГИЧНАТА СМРТ НА КАЛИНА И АЛЕКСАНДАР, НАДЛЕЖНИТЕ СО НИКАКОВ СТАВ ЗА ИСТРАГАТА

//

Поминаа пет месеци од трагичната смрт на Калина и Александар на Кајмакчалан, а надлежните органи, не излегоа со став за утврдената одговорност, што во јавноста предизвикува сериозно сомнение, реагираат во писмо до јавноста роднини на македонските планинари Калина и Александар.

„Со изјавата во стилот на „Господ ги зема“, излезе г-дин Угриновски. Јавно бранејќи ги и покривајќи ги бројните пропусти и незаконитости на „Трансверзалец“ и водичот Москито, јуначки се избори за трет мандат на архаичната планинарска Федерација. Во обидот за избегнување на одговорноста, задоцнето дојде понудата на Трансверзалците за организирање на постхумна планинарска акција, кои не помогнаа кога можеа, а ги оставија младите луѓе во планината. Зошто го кријат оној којшто ја раширил веста дека мајка со дете биле заглавени во црквата на врвот? Дали јавноста може да замисли дека никој од 68 – те патници од турата никому и никаде не се јавиле за да алармираат за несреќата?

Зачудува затвореноста и на обвинителството, кое упорно се крие зад начелото на „тајноста на предистражната постапка“, кое начело не се однесува на оштетените. Од непознати причини, досега обвинителството, спротивно на праксата на Европскиот суд за човекови права, не ги вклучува оштетените во преземените дејствија , ниту досега ги повикале на сослушување, ниту им овозможува да предлагаат докази. Прибавени ли се доказите од страна на грчките власти, или и тие ќе го сокријат задоцнетото реагирање на своите служби ? Земени ли се на вештачење мобилните телефони од лицата коишто, дента биле во постојан контакт со двајцата загинати и кои ги доведувале во заблуда да останат каде што се, бидејќи доаѓаат да ги спасат? Во меѓувреме, додека чекаме нешто да се расчисти, ќе се молиме за спасување на животите на 12 – те момчиња и нивниот тренер во Тајланд. И Калина и Александар некој ќе ги спасеше ако се дигнеше тревога, ако се алармираше, ама очигледно, никој од таму присутните не го стори тоа“, се вели во писмото на роднините на загинатите планинари Калина и Александар.



Извор: Емагазин.мк



Претходна статија

ЗАЕВ НАЧЕЛО НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА САМИТ „ЕУ-ЗАПАДЕН БАЛКАН“ ВО ЛОНДОН

Следна статија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА ГОДИШНА СЕСИЈА НА ПС ОБСЕ

Најново од Вести