ПЛЕНКОВИЌ: ХРВАТСКА ГУБИ ПО 15 000 ЛУЃЕ СЕКОЈА ГОДИНА
Масовната миграција на луѓе од источниот дел на Европа кон западните земји-членки на Европската унија е егзистенцијално прашање. Половина од земјите-членки на ЕУ претрпуваат демографски загуби и овој проблем мора да се реши на европско ниво. Ова го изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во интервју за францускиот весник Монд.
Хрватска годишно губи 15.000 луѓе или жители на еден просечен град и тоа е егзистенцијално прашање, рече Пленковиќ во интервјуто.
„Благодарение на туризмот, овој проблем е помалку значаен во Далмација, но во источниот дел на Хрватска, поради стареењето на населението и немањето нови работни места, луѓето заминуваат за да ја градат својата иднина во другите европски земји“, рече Пленковиќ.