| |

ПЛЕНКОВИЌ И МАКРОН РАЗГОВАРАЛЕ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ

Отворањето на преговорите за членство во Европската Унија со Македонија беше една од темите на синоќешната средба на францускиот претседател Емануел Макрон со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Двајцата политичари разменија мислење околу динамиката и методологијата на водење преговори со земјите кандидати за членство во ЕУ, со фокус на отворањето на преговори со Македонија и Албанија, пренесува ХИНА.

Во мај, Загреб и Хрватска како следен претседавач со Европската Унија ќе бидат домаќини и организатори на самитот на лидерите на земји членки на ЕУ.



Слични Објави