| |

ПО ОДЛУКАТА НА РИЈАСЕТОТ НА 7 МАЈ: ИВЗ ДЕНЕСКА ГИ ОТВОРА ЏАМИИТЕ

Исламската верска заедница (ИВЗ) од денеска ги отвора џамиите за граѓаните, согласно одлуката на вонредниот состанок на Ријасетот на 7 мај. Објектите беа затворени на 17 март по воведувањето на мерките на Владата за превенција од ширење на коронавирусот.

Во одлуката што Нова ТВ ја објави на македонски јазик се наведува дека е донесена „по иницијатива на 13. Муфтиства кои се засноваат на барањата на џематите (верниците) загрижени од невнимателните дејности на МПЦ што ги охрабриле верниците од исламска вероисповед“.

Молитвите во џамиите, како што истакна скопскиот Муфтија Кенан Исмаили за Нова ТВ, ќе се одржуваат според сите протоколи во западните земји што се однесуваат на одржување на физичка дистанца меѓу верниците и носење на заштитни маски.

Извор: ТВ Нова

Слични Објави