| |

ПО ОДЛУКАТА НА ВРХОВЕН СУД ЗА СЈО, АДВОКАТОТ НА РАТКО ДИМИТРОВСКИ ГО БАРА НАЗАД ПАСОШОТ НА СВОЈОТ КЛИЕНТ

Адвокатот на осомничениот директор на печаницата „Европа 92“ од Кочани, Ратко Димитровски во истрагата „Поштенска банка“ за „Макфакс“ потврди дека поднел барање до кривичниот суд со кое бара да му бидат укинати сите мерки кои му биле определени од кривичниот суд во оваа постапка на СЈО. Ова следува по начелното правно мислење на највисокиот суд во државата за истрагите на специјалното јавно обвинителство кои се отворени по рокот од 18 месеци.

Станува збор за одлуките за замрзнувањето на имотот и враќањето на пасошот, кои судот им ги изрече на осомничените кон крајот на минатата година на предлог на специјалното јавно обвинителство. (Повеќе)



Слични Објави