ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ: ГОЛМАНОТ НА АТАЛАНТА КОНЕЧНО СЕ ИЗЛЕКУВА ОД КОВИД-19!

Екипата на Аталанта и официјално потврди дека Марко Спортиело опоравил од коронавирус.

Спортиело на 20 март објави дека е позитивен на коронавирус, а по повеќе од еден месец и неколку тестови, конечно се опорави.

Аталанта ја информира јавноста дека Спортиело е тестиран двапати во рок од 48 часа, а резултатите покажаа дека е негативен, се вели во соопштението на клубот.

Овој 27-годишен голман веќе некое време е без симптоми, се чувствува многу добро, но пред да се врати на тренинзите, ќе направи уште неколку тестови според здравствениот протокол.

Пауло Дибала од Јувентус, исто така, вчера се рехабилитираше од коронавирусот.

Слични Објави