ПОЧИНА БУГАРСКИОТ НОВИНАР ГЕОРГИ КОРИТАРОВ

//

Почина бугарскиот новинар Георги Коритаров познат во Македонија по своите критички настапи во однос на бугарската официјална политика во однос на нашата земја.

Жалната вест ја соопшти директорот на ТВ Европа каде што последно работеше Коритаров, Георги Харизанов.



„Не знам како се соопштува таква вест. Не знам како се кажува, не знам како се осмислува, не знам како се живее со неа. Вчера се смеевме во етер. Денеска дознав дека веќе нема да се видиме. Нема да зборуваме, нема да спориме. Нема да мислиме заедно, нема да работиме заедно. Среќен сум што бев мал дел од животот на овој голем човек“, напиша на социјалната мрежа Facebook Георги Харизанов.

Претходна статија

ЕМА: ИМА ВРСКА МЕЃУ ВАКЦИНИТЕ АСТРАЗЕНЕКА И ТРОМБОЗАТА

Следна статија

УАПСЕНИ ПОЛИЦАЈЦИ ВКЛУЧЕНИ ВО АФЕРАТА „МАФИЈА“

Најново од Вести