ПОЧИНА ЛИЦЕ КОЕ МЕЃУ ПРВИТЕ ПРИМИ ВАКЦИНА ВО ШВАЈЦАРИЈА

Во Швајцарија почина едно лице, кое беше меѓу првите вакцинирани против Ковид-19, соопштија властите на кантонот Луцерн, пренесува „Ројтерс“.

loading...

Сепак, тие не наведоа дали смртта е поврзана со инокулација.

„Ние сме свесни за случајот“, рече портпаролот, додавајќи дека работата е упатена до швајцарскиот регулатор за лекови „Свисмедик“.

Кантонот не објави детали, вклучувајќи го и времето што поминало помеѓу времето кога лицето ја примило вакцината и времето на смртта.



loading...

Луцерн е место на првите вакцинации во Швајцарија од минатата недела, со вакцинации од компанијата „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“, пред сè постари лица.

„Свисмедик“ не бил достапен за коментар, а Фајзер не одговарал на пораки и повици.

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ е единствената вакцина одобрена досега во Швајцарија.