(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) НЕКОЛКУ ЗАГИНАТИ И ПОВЕЌЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА АЕРОДРОМ ВО ЈЕМЕН

Силна експлозија и пукање го погоди аеродромот Аден во Јемен во моментот кога слетал авионот со кој се превезувале членовите на новата јеменска влада.

loading...

Членовите на владата кои пристигнале од Саудиска Арабија не се повредени, бидејќи во тоа време биле во авионот. Според првите информации, загинале 5 лица, а над 20 се повредени.

Новата јеменска влада треба да почне со работа денес, предводена од Моин Абдул-Малик.

Претходно, владата на Јемен положи заклетва во Ријад, каде што е претседателот на земјата, Абду Рабу Мансур Хади.

loading...


Аден е привремен главен град на Владата на Јемен, која е признаена од меѓународната заедница, по бунтот на Хутите во 2014 година.

Вистинскиот главен град на републиката, Сана, веќе шест години е контролиран од шиитските бунтовници, Хутите.