Почина Пат Фајхтер – голем пријател на Бугарија и бугарската заедница во Елк Гроув Вилиџ, Илиноис
Почина Пат Фајхтер (Pat Feichter) – искрен пријател на Бугарија и бугарската заедница во Елк Гроув Вилиџ, Илиноис. Тажната вест ја соопшти бугарскиот генерален конзул во Чикаго Светослав Станков на својот профил во социjaлната мрежа Facebook.
„Пат беше човек со огромно срце и визија, кој остави траен белег во односите меѓу САД и Бугарија. Благодарение на неговите напори, беше потпишан договорот за збратимување меѓу градовите Перник и Елк Гроув Вилиџ. Тој беше и еден од главните организатори на првиот бугарски парад во Елк Гроув Вилиџ во 2022 година, со што ја постави основата на нова традиција меѓу бугарската дијаспора. Година подоцна, по иницијатива на градоначалникот Крег Џонсон, 24 мај беше прогласен за Ден на бугарската азбука во градот – уште еден доказ за почитта кон бугарската култура, што Пат несебично ја поддржуваше. Пат Фајхтер беше вистински мост меѓу нашите две земји. Неговата посветеност кон бугарската заедница и неговата љубов кон нашата култура ќе останат пример за сите нас. Пат ќе остане запаметен како искрен пријател на Бугарија и Бугарите, како човек кој веруваше во силата на заедницата. Светла му памет!“, стои во објавата на генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков.