ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НЕДЕЛНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГОСТИВАР Д-Р АРБЕН ТАРАВАРИ
Што сработи локалната власт во Гостивар во периодот 01.11.2020 г. – 07.11.2020 г.
1. Ученичкиот дом во Гостивар, работите се завршени: ЛЕД осветлување низ целата зграда; Комплетно реновирана менза; Реновирани ходници; 60 соби опремени со нов мебел (нови кревети, душеци, маси и комоди); Две нови читални; 8 Нови купатила;
2. 3апочнаa работите на улицата “Илинденска”, од бензинска пумпа “Бунар Петрол” до кружниот тек кај трговскиот центар “Јавор”, со должина од 500 метри и просечна ширина од 7,5 метри;
3. Равен, уредување и бекатонизирање на пат, во должина од 180 метри, во соработка со Локалната Заедница на селото;
4. Градинка “Пролет”: Уредување на патеките со нови бекатонски плочки , како и уредување на дворот;
5. Во С.К.Е.У “Гостивар”, садење на борови дрвја и средување на дворот;
6. Равен, започнаа работите за реконструкција на водоводна линија со должина од 150 метри;
7. Потпишавме меморандум на соработка помеѓу општина Гостивар и Планинарското Друштво Шари;
8. Рекреативно-спортскиот центар, најголем и единствен од ваков вид во западниот дел на РСМ, веќе почна да ја добива својата форма;
9. Чегране, работите на канализацијата продолжува интензивно;10. Во подрачното основно училиште “Прпарими” од село Чегран се работи со висока динамика за изградба на паркот и игралиштето за деца.

