| |

ПОЧИНА ЗАТВОРЕНИК ВО ИДРИЗОВО

Затвореник од КПУ „Идризово”, осуден за убиство на 13 години казна затвор, вчера починал на скопските клиники, од инфаркт.
Како што изјави за МИА директорот на затворот Боби Мојсоски, на затвореникот му се слошило додека бил во затворот. Затворениците пробале да му помогнат, по што веднаш бил однесен во болница, но таму констатирале смрт.

Починатиот затвореникот во петокот бил примен во КПУ „Идризово”, од затворот Скопје каде бил во притвор. Затвореникот бил осуден на 20 години за убиство на Езерото Треска, а на повтореното судење казната му била намалена на 13-години затвор

Слични Објави