|

Починат маж пронајден во хотел на Бит Пазар

Вчера околу 11:40 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат З.Ј.(74) од Тетово.

Човекот бил гостин во хотелот.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Полицијата соопшти дека бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

Слични Објави