Починато лице најдено во каналот „Студенчишта“ во Охрид
Утрово во водите на каналот „Студенчишта” во Охрид, бил пронајден 76 годишен охриѓанец, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, пишува МКД.мк.
„Денеска во 7 часот и 38 минути во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта” во Охрид бил пронајден починат Д.Р.(76) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт, без видливи траги на насилство, стои во информацијата“, информираа од СВР Охрид.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
