Почна Самитот Брдо–Бриони во Драч: Сиљановска-Давкова меѓу учесниците
Во Драч, Албанија, денес започна Самитот Брдо–Бриони, на кој учествува и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.
Главни теми на овогодинешниот самит се европската интеграција на земјите од Западен Балкан, планот за раст на Европската унија, младинските политики, иселувањето, како и регионалната соработка и безбедноста.
Процесот Брдо–Бриони претставува форум на високо ниво кој ги обединува лидерите на земјите од регионот и претставници на ЕУ, со цел да се зајакне регионалната соработка и да се унапреди процесот на европска интеграција.
Иницијативата е покрената во 2013 година од Словенија и Хрватска и од тогаш функционира како стабилна платформа за политички дијалог, насочена кон градење меѓусебна доверба, консолидирање на стабилноста во регионот и поддршка на реформските процеси неопходни за членство во ЕУ.
Домаќин на овогодинешниот самит е претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, а организатори се претседателите на Словенија и Хрватска, Наташа Пирц Мусар и Зоран Милановиќ.