| |

Поддршката за операцијата на САД од Северна Македонија, е правилна и принципиелна

Ивон Величковски

Ударите врз иранскиот режим се запирање на нуклеарната програма што се заканува и кон Блискиот Исток и кон светскиот мир.

Поддршката за операцијата на САД од Северна Македонија, затоа, е правилна и принципиелна.

Тоа е поддршка за запирање и на проксијата на иранскиот режим кои се обидуваат да го дестабилизираат регионалниот и светскиот мир и меѓународните трговски рути.

Но истовремено тоа е поддршка за иранската нација која е подложена на масакри од репресивниот теократски режим, односно од сопствената власт.

Политичките субјекти во Северна Македонија и во регионот кои ќе останат молчаливи по ова прашање, ќе бидат премолчани сојузници – проксија на режимот кој е извор на терор на Блискиот Исток.

А тој режим, меѓу другото, е снабдувач и на оружје за руската агресија врз Украина.

Слични Објави