ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА: БЕНЗИНИТЕ ЗА 0,5, А ДИЗЕЛОТ ЗА 1,5 ДЕНАРИ

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се намалат. Цената на бензините се намалува за  0,5 денари, а на дизелот за 1,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика

Намалувањето, како што соопшти регулаторот, е резултат на пад на цената на суровата нафта на светските берзи.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ која ќе се наплаќа од полноќ ќе изнесува 59,50 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 61,50 ден.


Малопродажната цена на „еуродизел (Д-Е V)“ ќе изнесува 50,50 денари за литар. За 1 денар за литар се намалува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 25,956 ден/кг.

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа: на бензинот за 3,103 проценти, на дизелот за 5,626 отсто, на екстра лесното масло за 5,358 проценти, и на мазутот за 2,497 отсто .