,,МАКФЕСТ” ГИ ОБЈАВИ УЧЕСНИЦИТЕ, НО НЕ И НАГРАДИТЕ

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020” наместо в НУЦК „Ацо Шопов”, годинава ќе се одржи на отворено, на градскиот плоштад „Слобода” во Штип, на 18-ти и 19-ти септември, јавува Фокус.

Најавена е изведба на 23 новокомпонирани песни, а дел од учесниците се Биба Додева, Нокаут, Ај Кју, Димитар Андоновски, Наталија Славева и други. Ова е 35-то издание на реномираниот фестивал, кој и остави низа на хитови на публиката во изминатите децении, а целосната листа со учениците е објавена на официјалната страница на фестот.

Првата вечер ќе биде ревијална, и ќе ја потсети публиката на големите евергирини на Трајче Манев, Тања Кочовска, Олгица Христовска, Дарио Панковски, Мики Јовановски Џафер и други. Втората вечер ќе има натпреварувачки карактер, а на сцената ќе запее и композиторот Григор Копров.

Целиот напис прочитајте го овде.