Доналд Туск: Безбедноста на Европа зависи од безбедноста на земјите од Западен Балкан
Европската унија треба да го искористи самитот во Софија за да ја потврди европската перспектива на земјите од Западен Балкан, изјавил синоќа претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на средба во Љубљана со словенечкиот премиер Миро Церар
ЕУ ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, бидејќи балканската безбедност е клучна за европската безбедност, истакна Доналд Туск.
Словенечкиот премиер Миро Церар изјавил дека е време земјите од ЕУ да одлучат дали земјите од Западен Балкан треба да бидат целосно интегрирани во ЕУ и НАТО или да бидат оставени сами да го бараат својот пат. Цезар цврсто верува дека првата опција е најдобро решение.
Се согласивме дека ЕУ прво треба да го искористи самитот во Софија, за да ја потврди европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Во исто време, мора да се стремиме кон подобрување на човечките, дигиталните и инфраструктурните врски во и помеѓу партнерите во овој регион, рекол Туск.
Словенечкиот премиер ја повика ЕУ да осогласи единствен пристап по прашањето за миграцијата и политиката за азил, изразувајќи загриженост дека бројот на мигрантите во балканскиот правец повторно е значително зголемен.

