ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: КУТРЕНЦЕ ОБЕСЕНО ВО ШУМА ВО ДЕМИР КАПИЈА

На Фејсбук страницата Шепасти Ентузијасти објавена е вознемирувачка фотографија на која се гледа како мало куче виси обесено на дрво во шума во Демир Капија, по што администраторите на оваа група побараа одговорност за сторителите.

-Споделете сите! Мислиме дека конечно дојде време овие монструми да почнат да бидат казнувани од државата која постојано врти образ на вакви случаи, а ние, тангирани од истите сме третирани како чудаци, грижејки се за овие невини суштества! Случајот ќе биде пријавен утре во МВР и АХВ“, пишува во објавата.