| |

Шефот на украинското воено разузнавање генерал Кирило Буданов бил во посета на Бугарија

Министерството за одбрана на Бугарија соопшти дека шефот на Главната управа „Разузнавање“ на украинското Министерство за одбрана и делегација предводена од него биле во официјална посета на Бугарија.

Во рамки на посетата, генерал-мајор Кирило Буданов се сретнал со министерот за одбрана Тодор Тагарев, како и со директорот на Воено-разузнавачката служба, бригадниот генерал Венелин Венев, соопшти Министерството.

За време на средбите се разговарало за регионалната и меѓународната безбедност, како и за изгледите за развој на сегашната ситуација и за други теми од заеднички интерес на Бугарија и Украина.

Од бугарска страна било покренато и разјаснето прашањето за сајтот „Миротворец“, додаваат од Министерството за одбрана на Бугарија.

Слични Објави