| |

Над 200 пожари беснеат во Бугарија, во Свиленград горат 100 илјади декари

Во Бугарија беснеат над 200 пожари. Најсериозно се погодени јужните и југоисточните делови на земјата, а само во општина Свиленград горат 100 илјади декари, јавува БГНЕС.

И покрај запрепастувачките податоци, ситуацијата во моментов се нормализира, увери утрово првиот човек на бугарската противпожарна служба главен комесар Александар Џартов.

Почна сезоната на пожари. Нема да биде лесно цело лето. Регионот Хасково, Пловдив и Варна остануваат критични. Стара Загора – исто така, изјави комесарот Џартов пред bTV. Најголемиот пожар во последните неколку години со кој се соочија бугарските пожарникари е оној во Хасково, во општина Свиленград, каде пламените јазици зафатија повеќе од 100 илјади декари територија.

Во моментов нема локации каде што е неопходна евакуација.

Во исто време, делот од автопатот „Хемус“ меѓу Аксаково и селото Суничо во Варна останува затворен по неделниот пожар.

БГНЕС потсетува дека пожарот во квартот Владиславово во Варна вчера стигнал до домовите на луѓето и изгореле автомобили и минибус. Превентивно е прекината струјата на територијата на Аксаково. Од МВР известија дека изгореле околу 365 декари.



Слични Објави