| |

ПОГЛАВАРОТ НА ГРЧКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ПРОТИВ ПРОТЕСТИТЕ ВО ГРЦИЈА ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА

Поглаварот на Грчката православна црква / ГПЦ / архиепископот Јеронимос се објави против протестите за “заштита на грчкиот карактер на Македонија”, кои денеска ќе се одржат во 24 градови во Грција. Според Јеронимос “прашања како ова за спорот за името не се решаваат преку протести”. За разлика од пред 4 месеци, кога ГПЦ го поддржа протестот во главниот град Атина, денеска архиепископот отворено се спротивстави на овие настани.

“Ставот на Црквата е цврст и ова нешто сме го рекле и повторно ќе го повториме. Црквата вели: Не е лесно да го дадеме името Македонија или да го дадеме под наем. Мојата позиција е јасна – ова прашање не се решава со протести, преку викање итн За него одговорност носи парламентот, и нешто друго, парламентот не е сам – тој е избран од народот “, рече Јеронимос, цитиран од БГНЕС.

Слични Објави