Во Софија се одржува конференција посветена на 20-та годишнина од влезот на Бугарија во НАТО
Конференција посветена на 20-годишнината од членството на Бугарија во НАТО, организиранизирана од бугарското МНР, Дипломатскиот институт, Атлантскиот клуб и Министерството за одбрана собра политичари, воени лица и дипломати во Софија, јавува БНР.
Соединетите Држави им честитаа на Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија на нивната дваесетгодишнина од членството во Организацијата на Северноатлантскиот договор.
На конференцијата се обрати и премиерот на Бугарија во оставка Николај Денков.
„Најголемата закана за режимот во Москва е воспоставувањето на вредностите на демократијата на границите на Русија. Режимот во Москва бара победа против демократијата преку насилство, страв, притисок преку енергенсите и корупција. Денес Путин води војна против светот, а не против НАТО како одбранбена сила“, посочи тој.
Во соопштението, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека „Од Балтикот до Црното Море, преку Атлантикот и Јадранот, НАТО алијансата е пообединета и посилна од кога било“.
„Крајно време е бугарскиот парламент да ја сфати сериозно положбата, имајќи предвид дека покрај нас беснее војна“, повика претседателот Румен Радев.
Големи напори се направени од генерации државници, политичари, дипломати, војници и јавни личности за членството на нашата земја во НАТО. 15 години доцнеше модернизацијата, а како претседател беа потребни три Консултативни совети за да почне нешто, потсети Радев за време на својот говор.
Министерката за надворешни работи во оставка Марија Габриел исто така нагласи дека иднината на Украина е во НАТО, а нашата земја ќе продолжи да ја поддржува Украина.
„НАТО не ни ги решава проблемите“, предупреди министер за одбрана во оставка Тодор Тагарев. „Влезот на Бугарија во НАТО не ги решава нашите проблеми и не е можно тоа да се случи“, рече тој и истакна дека податоците за состојбата на одбраната биле земени предвид од страна на парламентот кога се расправало за прашањето за финансирање на Армијата. Конференцијата продолжува.
