| |

Погребна литургија во спомен на бугарскиот патријарх Неофит

Во митрополитската катедрална црква „Св. „Недела“ во Софија се отслужува Архиерејска погребна литургија во спомен на бугарскиот патријарх Неофит, јавува БГНЕС.

Денеска се навршуваат 40 дена од блажената смрт на бугарскиот патријарх и софиски митрополит Неофит (15.10.1945 – 13.03.2024).

Храмот е исполнет со мирјани, кои дошле да се молат за душата на духовниот водач. На литургијата учествуваат речиси сите митрополити на Светиот синод.

Ќе се одржи и панихида.

„Бог да го прости и да го упокои нашиот блажен упокоен првоархиереј кај праведниците, да го запише во книгата на животот и да го постави со светителите! Нека живее вечно неговиот светол спомен“, велат од Светиот Синод на Бугарската патријаршија.

БГНЕС потсетува дека поглаварот на Бугарската православна црква почина на 78-годишна возраст. На 15 март, посмртните останки на патријархот Неофит беа изложени за поклонение во Патријаршиската катедрала „Св. Александар Невски”. Погребната поворка беше предводена од вселенскиот патријарх Цариградски Вартоломеј I. Со литијна поворка посмртните останки на бугарскиот духовен отец беа пренесени од Патријаршиската катедрала „Свети Александар Невски“ во црквата „Св. Недела” со помош на истата кочија со која биле пренесени смртните останки на цар Борис III Обединител во август 1943 година. Јавното мислење го дефинира патријархот Неофит како обединувач. Гробот на патријархот Неофит се наоѓа во непосредна близина на оној на друг голем духовен водач на Бугарите – егзарх Јосиф I Бугарски.



Слични Објави