Полицијата влета во „дива трка“ на скопска улица и одзеде шест автомобили

/

Синоќа во 21.40 часот на улицата „Бојмија“ во Скопје полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје одзедоа шест возила, поради учество во т.н. диви трки, соопшти утрово МВР.

„Возилата ќе бидат однесени во Станица за технички преглед каде ќе им биде извршен вонреден технички преглед и против сопствениците ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи и во наредниот период продолжува со мерките и активностите со цел да се обезбеди побезбеден сообраќај“, се вели во соопштението на МВР.





Претходна статија

Ѓорчев: Тетово покажа предност на ВМРО-ДПМНЕ со 400.000 спрема 200.000 гласови

Следна статија

Пожар во кругот на Цементарница Усје во Кисела Вода

Најново од Вести