|

ПОПЛАВИТЕ ВО ВЕНЕЦИЈА ПРЕДИЗВИКУВААТ ШТЕТА ОД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ

Во Венеција плимата достигна 139 сантиметри, а околу половина од градот повторно е под вода. Нивото од 100 до 200 сантиметри над нивото на морето е честа појава во градот, но секоја вода над оваа граница претставува ризик за него, јавува Лидер.

Кон средината на ноември нивото на водата достигна 187 сантиметри, што беше најголемо измерено ниво во последниот половина век во Венеција.

Бранот поплави во овој историски град во Италија предизвикува огромна материјална штета.

Градоначалникот на Венеција изјави дека се оштетени куќи, продавници и историски споменици и дека штетата се проценува на околу милијарда долари.

Слични Објави