| |

Поради превод на дokaзите: Одложено poчиштето за „Плацови на Водно“

Кривичниот суд соопшти дека рочиштето нема да се одржи бидејќи одбраната ги бара доказите преведени од англиски на македонски јазик.
Другата причина е бидејќи адвокатот кој на обвинетиот Никола Груевски му беше назначен по службена должност е зафатен во предметот „ТНТ“ чие рочиште е закажано во ист термин.

Обвинителката Лиле Стефанова најави голем број сведоци и докази за случајот „Плацови на Водно“, односно начинот на кој експремиерот Никола Груевски ги трошел парите наменети за партијата. На обвинителна клупа седнаа бизнисмените Јордан Камчев и Ненад Јосифовиќ, мајката на Камчев, Ратка Камчева, кумот од првиот брак на Груевски, Ристо Новачевски и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков.

Судењето треба да продолжи за точно еден месец – на 19 август.



Слични Објави