ПОРАНЕШЕН ВИСОК ФУНКЦИОНЕР НА „ЗЛАТНА ЗОРА“ ФОРМИРА НОВА НАЦИОНАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА ВО ГРЦИЈА
Поранешниот пратеник од Златна зора и еден од членовите што беа високо во партиската хиерархија, но и меѓу обвинетите во судскиот случај за формирање криминална организација, Илиас Касидиарис, денеска најави дека формира нова партија со цел, како што вели „Грција одново да стане голема и силна“ и да се спротивстави на „исламизацијата и планот за замена на грчкото население“, јави дописничката на МИА од Атина, пренесува Фокус.
„Се спроведува организиран план за замена на населението. За неколку децении, ние и нашите деца сме во опасност да бидеме малцинство во нашата татковина“, вели Касидиарис.
Касидиарис ги повикува Грците да се приклучат, да достават предлози, и најавува дека за две седмици ќе ги презентира името, знакот и политичката линија на партијата.
