Поранешната премиерка на Тајланд, Јинглук Шинаватра, која е осудена поради корупција, доби српско државјанство со одлука на Владата во Белград, пишува денеска весникот Неделник, пренесува Плусинфо.
Според информациите со кои располага Неделник, одлуката е донесена на 27 јуни и е потпишана од премиерката Ана Брнабиќ врз основа на членот 19, став 1 и 3 од српскиот Закон за државјанство.
Од изданието го цитираат ставот 1 во кој се наведува дека во државјанство на Србија може да биде примен и странец, доколку е во интерес за Србија, и го поставуваат прашањето каков интерес за Србија претставува доделувањето државјанство за Шинаватра, жена кога тајландските власти ја бараат преку Интерпол.