| |

Поранешната шефица на бугарската дипломатија Марија Габриел е назначена за помошник генерален директор на УНЕСКО

Поранешната шефица на бугарската дипломатија Марија Габриел беше назначена на функцијата помошник генерален директор во УНЕСКО. Таа го презема ресорот „Комуникација и информации“ во рамките на меѓународната организација за образование, наука и култура. Бугарската влада изразила силна поддршка за нејзината кандидатура, јавува БГНЕС.

Марија Габриел е родена на 20 мај 1979 година во Гоце Делчев. Таа има завршено додипломски студии по „Бугарски и француски јазик“ на Пловдивскиот универзитет, како и магистерски студии по „Компаративна политика и меѓународни односи“ на Докторската академија за политички науки во Бордо.

Габриел има долгогодишно искуство во европските институции. Од 7 јули 2017 година до 1 декември 2019 година таа беше еврокомесар за дигитална економија и општество во Европската комисија со претседател Жан-Клод Јункер. На 1 декември 2019 година беше избрана за еврокомесар за иновации, научни истражувања, култура, образование и млади, овојпат под раководство на Урсула фон дер Лајен.

Во 2023 година таа ја напушта функцијата во Европската комисија по номинација за кандидат за премиер од ГЕРБ, но не добива поддршка.



Слични Објави