ПАССЕ и „победата“ на Македонија
Владимир Перев за БГНЕС
Парламентарното Собрание на Совето на Европа (ПАССЕ) на крајот на овој месец во Страсбур, донесе решение за прекин на постмониторингот на РСМ и “отворање“ на нејзиниот пат кон преговори за полноправно членство во ЕС. Текстот на резолуцијата во име на мониторинг-комисијата беше изготвен од известувачите Сибел Арслан од Швајцарија, од политичката група на социјалистите, и Џозеф О’Рајли од Ирска, од Европската народна партија.
Премиерот на РСМ Христијан Мицкоски не можеше да го сокрие победничкиот израз пред медиумите, тврдејќи дека “во Македонија има почитување на човековите слободи, слободата на изразот и јавното изјаснување, здружувањето…“ и други елементи, притоа посочувајќи дека постмониторингот пред само неколку месеци е укинат за земји кои се членови на ЕС и се во Шенген и Еврозоната, евидентно визирајќи ја Бугарија.
Да, постмониторингот е укинат, но премиерот не кажа некои нешта кои во Стразбур беа јасно посочени; отсуството на правна сигурност на граѓаните, катастрофалната состојба со правосудството и обвинителството, нерешените права и задолженијата на државата кон помалите етнички групи, како и огромната, безпрецедантна корупција низ целата држава. Тоа е рак-раната на целото македонско општество, без никакви национални или етнички ознаки-за ПАССЕ, сите слоеви се обземени од невидена корупција која ја уништува државата и државноста.
Мицкоски „заборави“ да каже уште нешто. Во својот извештај и во својот говор, референтот Џозеф О’Рајли ги спомна правата на бугарската заедница во РСМ, заложувајќи се за решавање на тоа прашање, како и дискусиите околу познатиот “балансер“ како алатка за решавање на правата на учество на етничките заедници во раководењето со државата. Таа страница сеуште не е затворена, а како тргнала “победничката“ политика на оваа влада, тешко дека за скоро време ќе се затвори.
Македонските бугари, како дел од бугарскиот народ, никогаш нема да отстапат од своите права во борбата за учество и раководење на институциите на македонската држава. Тоа е наша држава. Многу време по 1990-та година е потрошено во празни ходови и јалови изјави и разговори. Сега сме во фаза на дејствување. Тоа треба да е јасно, чисто и непрестано, како дејствијата на нашите револуционерни предци во борбата за нивните права. Македонските бугари одново се во состојба, во борбата за своите права, да ги заложуваат сопствените судбини, како во она минато подзаборавено време. Сега, како и тогаш, бугарската држава треба да ги стави на располагање своите материјални и дипломатски ресурси, за успешен крај во борбата за нашите човекови права. Ако “Соединението прави силата“, сега е време да се препрочита написот над бугарскиот парламент и да се дејствува, јасно чисто и непомирливо. Да се побијат изјавите на македонскиот премиер дека “до кога е тој премиер, бугарите нема да влезат во Уставот“.
Ново време, нова борба, борба непрестајна…до добивање на сите права во демократска Европска заедница!
