Трамп: Мадуро е уапсен
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, бил уапсен откако САД извршиле сеопфатен удар врз латиноамериканската земја, пренесе Асошиејтед прес.
Мадуро бил уапсен заедно со неговата сопруга, по што двајцата биле изведени од земјата, појасни Трамп, цитиран од Ројтерс и Франс прес.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга се уапсени од Делта Форс на американската армија, соопштија официјални лица за CBS.
Делта Форс е најважната единица за борба против тероризмот на американската армија.

