| |

Зеленски ќе ја посети Бугарија

Претседателот на Украина, Володимир Заленски, деновиве ќе ја посети Бугарија, јавува БГНЕС.

Посетата на Зеленски се очекува во наредните денови, можеби во четврток. Украинскиот претседател најверојатно ќе се сретне со претставници на извршната власт и на парламентот. Во април минатата година, два месеци по почетокот на војната, Кирил Петков, како премиер, ја посети Украина и се сретна со Зеленски. Пред неколку дена министерот за одбрана Тодор Тагарев изјави дека наскоро ќе започне испраќањето воена помош за Украина.

Во пресрет на посетата на посетата на украинскиот претседател парламентарната комисија за надворешни работи ја одобри декларацијата за поддршка на членството на Украина во НАТО, потпишана минатата недела од ГЕРБ, ПП-ДБ, ДПС и „Има таков народ“.



Слични Објави