| |

Тагарев: Во тек се подготовките за посетата на Зеленски, жалам што во јавноста се појавија информации

Подготовките за ваква посета траат веќе некое време, не станува збор за информација од јавен карактер. Жал ми е што во јавноста се појави информација во однос на посетата. Ова за бугарската телевизија ТВ 1 го изјави министерот за одбрана Тодор Тагарев.

Оваа посета е важна за нас, се извинувам што во јавноста се појавија информации. Се надевам дека ова нема да ја спречи посетата на украинскиот претседател, додаде Тагарев. Владата донесе одлука за нова транша од воената помош. Оваа одлука ја донесовме доста брзо за три недели, истакна министерот за одбрана. Ги анализираме потребите на Украина, потоа ги анализираме и опциите како ние можеме да помогнеме.

Бугарија го направи она што е потребно за да испрати муниција во Украина, директно или не, тоа се споредни прашања, коментира Тагарев.



Слични Објави