Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев со критики кон бугарскиот премиер во однос на РС Македонија
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев упати низа критики кон владејачкиот естаблишмент во Бугарија во однос на политиката на Софија кон Украина и кон РС Македонија. Во интервју за БГНЕС Плевнелиев изјави дека бугарскиот премиер Кирил Петков отишол непотготвен во Скопје и тоа било искористено од македонската пропаганда.
„Не можете да одите во Скопје и да бидете целосно неподготвени и уште повеќе да го сметате за успех нешто што беше очигледен дипломатски неуспех. Тоа беше истурање вода во воденицата на скопската пропаганда, наместо решавање реалните проблеми во ЕУ на добрососедството и односите меѓу Бугарија и РС Македонија“, вели Плевнелиев во интервјуто за БГНЕС.
Целиот материјал прочитајте го на следниот линк.