ПОРОШЕНКО: НА УКРАИНА И СЕ ЗАКАНУВА ТОТАЛНА ВОЈНА СО РУСИЈА

Вести Истакнато Македонија

Русија трупа војска на границата со Украина, украинскиот претседател Порошенко порачува – г-не Путин, ве молам напуштете ја Украина.

Тензиите ги зголеми и одлуката на Москва да распореди нови ракетни системи С-400 на Кримискиот полуостров, едни од најнапредните системи за противракетна одбрана. Украинскиот лидер Порошенко тврди дека Русија тројно го зголемила бројот на војници на Крим, а десет пати руската артилирија. Во емотивното интервју, тој призна и дека телефонски го побарал Путин, но оти не добил никаков одговор.

-Руските тенкови се уште не се повлечени, и натаму се на украинско-руската граница. Сакам сите да сфатат дека ова не е забава или некаква игра – Украина е под закана на сеопшта војна со Русија, изјави Петро Порошенко, претседател на Украина.

Во меѓувреме, се огласи и Путин. Од економскиот форум во Москва му порача на Порошенко дека игра валкани игри и дека лично стои зад инцидентот во Црното море.

-Инцидентот во Црното Море е безусловна провокација, оркестрирана од украинската власт и претседателот Порошенко, во пресрет на претседателските избори во март, изјави Владимир Путин, претсеател на Русија.

Во руско-украинската криза се огласи и Трамп, кој рече дека не е исклучено да ја откаже средбата со Путин, закажана викендов на Самитот Г-20 во Аргентина. Тој за американските медиуми изјави дека одлуката ќе ја донесе, откако ќе го види целосниот извештај за инцидентот во Керченскиот теснец, каде што Русија заплени три брода на украинската морнарица и го уапси нивниот екипаж.

Извор: Канал 5