ПОСТОИ МОЖНОСТ ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИ И МИНИСТРИТЕ ФИЛИПЧЕ, ОСМАНИ И АДЕМИ ДА ОДАТ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

//

Веста за позитивните резултати за Ковид-19 на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски доаѓа еден ден по средбата на владините претставници со општинскиот кризен штаб, јавува 360 степени.

На вчерашната средба во Куманово, општината информираше дека присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование Арбер Адеми.

На прес-конференцијата за медиумите не можеше да се забележи присуството на министерот Филипче. Но, по таа средба, од Владата информираа дека владините преставници биле на средби и со директорот на Општата болница во Куманово, на Центарот за јавно здравје и на Здравствениот Дом, на кои бил и Филипче.





Претходна статија

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО, МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ, ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

Следна статија

ЗАЕВ: МОРА ДА БИДЕМЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ И ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ МЕРКИТЕ

Најново од Вести