Емилијано Сала требаше да го слави утре 29 роденден, доколку не се случеше авионската несреќа, а сега во негова чест Сан Мартин де Прогресо реши да го промени името на стадионот.
Даниел Риберо, претседателот на клубот, кадешто почна да игра Сала, кажа дека Сала ќе добие и мурал, а таа вест предизвика позитивни реакции ширум светот.
„Ќе го промениме името на стадионот во чест на Сала, а исто така направен е и мурал со слика како слави еден од своите погодоци додека играше за Нант“, откри Риберо.
Да потсетиме, Сала го загуби животот во трагичната несреќа на пат од Нант кон Кардиф, а по двонеделна истрага беше пронајдено неговото тело.
Извор: Спорт1