Потпишан протоколот за изградба на граничниот премин Струмјани-Берово

//

По дводневната седница на заедничката експертска комисија за изградба на граничниот премин и патната врска Струмјани-Берово, беше потпишан протоколот за нејзината работа и беше даден стартот на конкретните активности по изградбата на преминот.
Од бугарска страна протоколот беше потпишан од Милен Обретенов, директор на Агенцијата управа на територијалната соработка. Од страна на Северна Македонија протоколот беше потпишан од Јакуп Реџепи, директор на Дирекција (меѓународно право и конзулски прашања) во склоп на МНР.

„Ги усогласивме основните технички карактеристики на патните врски, местоположбата на трасата, точката на поврзување на самата граница, местото на новиот граничен премин и потребната инфраструктура. Бенифициент од бугарска страна е обласната управа во Благоевград а од страна на РСМ Царинската управа. Веќе можеме да ја започнеме суштинската изградба на граничниот премин Струмјани-Берово“, изјави пред БТА обласниот управител на Благоевград Николај Шушков.





Претходна статија

Трајко Славески за Арсовска: Таа е како четиригодишно дете со чекан во раката, треба да одмори!

Следна статија

Зајкова и Мојсоски од ЛДП: Не е време за Референдум, прашањето е апсурдно, Уставот е јасен

Најново од Вести