(Видео) Прошетка по вселената со Горан Мицевски
Композиторот Горан Мицевски од Битола, познат во јавноста како фронтмен и тромбонист на бендот Brass Brothers, на публиката и подари уште едно дело од неговиот инструментален опус.
„Прошетка во вселената е инспиративна приказна за музиката која е дел од сите нас, од се она што не опкружува. Иако создадена за само една ноќ, таа во себе ја носи историјата и вибрацијата која го создала светот и која ќе остане вечна. Денес со огромна љубов ова мое дело и го подарувам на публиката и посакувам секој во него да пронајде инспирација која ќе го води напред“, напиша Горан на неговиот ФБ профил.