(Видео) Историчарот Петар Тодоров за царот Самоил: Во изворите и во литературата, тој се именува како цар на бугарско царство
Младиот македонски историчар Петар Тодоров поранешен член на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 пред четири години во одговор на прашање од страна на водителот Александар Видиновски „На што бил владетел тогаш цар Самоил“ го кажува следното:
„Како што кажуваат и самите македонски историчари, кои го работат ова и на кои ние се повикувавме кога ги работевме овие препораки, во изворите и во литературата тој се именува дека е цар на Бугарско царство“, вели Тодоров.
Како потсетување го објавуваме овој краток инсерт од емисијата на Канал 5, објавен од бугарскиот youtube канал „Страница Плиска“:
